Дома Фудбал Италија Бобан: Во Милан е како во Северна Кореја

Бобан: Во Милан е како во Северна Кореја

Милан влера и официјално соопшти дека ја прекинува соработката со директорот Звонимир Бобан, а денес Хрватот веднаш се огласи и ја прокоментира ситуацијата.

Познато е дека отказот на Бобан дојде после недоразбирањето со генералниот директор Иван Газидис, за кого Хрватот вели дека „спровел диктатура во клубот“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Не знаев дека во клубот владее диктатура како онаа во Северна Кореа. Моето интервју за Газета дојде како одговор на многу неодговорени прашања. Газидис спречи некои трансфери во јануари и ја има комплетната контрола во клубот“, истакна Бобан.

„Заслужив да бидам информиран за сите работи кои се случуваат во клубот. Газидис уште во декември го договорил Рагник, а ние останатите не знаевме ништо“, додаде Бобан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …