Шпекулациите за заминување на Лионел Меси од Барселона се се погласни, особено после вчерашниот состанок кој го имаше со новиот тренер Роналд Куман.
Меси му ја соопштил намерата на новиот тренер дека не се чувствува повеќе дел од тимот и сака да ја напушти Барселона, а тоа како „бомба“ одекна во фудбалска Европа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанска „Марка“ анализира, колку ќе ги чини Меси заинтересираните клубови, Интер, Сити и ПСЖ веќе ја започнаа трката за неговиот потпис.
Интер е подготвен да и плати на Барселона 260 милиони, за Меси има подготовено 50 милиони по сезона, тврди „Марка“.
Сити има предност во Гвардиола, Шпанецот може да го убеди Меси да дојде во Англија, а парите за клубот од Манчестер не се проблем.
ПСЖ сака да ги состави Мбапе, Нејмар и Меси, но хендикеп за „светците“ се нарушените односи со раководството на Барселона по трансферот на Нејмар.