Дома Трансфер зона Битка на „титаните“ за потписот на Лаутаро Мартинез

Битка на „титаните“ за потписот на Лаутаро Мартинез

Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез оваа сезона блеска во дресот на Интер, па го привлече вниманието на многу еврпски гиганти.

Веќе подолго време се шпекулира дека Барселона сака да го донесе Лаутаро Мартинез во своите редови, а сега уште еден европски гигант се вклучи во трката за неговиот потпис.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Каталонскиот клуб е спремен да ја активира откупната клаузула од 111 милиони евра, но Интер сака да го спречи тоа така што ќе му понуди нов договор на Аргентинецот.

Покрај Барселона интерес за Лаутаро покажуваат уште и двата клуба од Манчестер, кои исто така се спремни да ја платат откупната клаузула.

Сепак, на крајот конечната одлука за својата иднина ќе ја донесе самиот Лаутаро, дали ќе се пресели во некој од споменатите клубови, или ќе потпише нов договор со „нероаѕурите“.

22-годишниот Аргентинец оваа сезона во Серија А на десет настапи постигна пет гола, а актуелниот договор со Интер му истекува во 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус се вклучи во трката за Шешко

Голгетерот на Лајпциг Бенџамин Шешко беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазаро…