Eден од бисерите кои ги има Ливерпул во своите редови е Харви Елиот, талентираниот фудбалер кој во април наполни 17 години.
Тренерот Јирген Клоп веќе некое време му дава шанса на Елиот во натпреварите кои немаат преголемо значење. Навивачите , секако сакаат Елиот да добива уште повеќе прилика бидејќи најголем дел од нив веруваат дека тој е иднина на Ливерпул. Поради тоа денешните вести од „Енфилд“ ќе ги израдуваат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Елиот денес го потпиша првиот професионален договор со Ливерпул.
Во овој момент нема информации за деталите од договорот, меѓутоа медиумите шпекулираат дека Елиот се обврзал на двегодишна соработка.
Ливерпул Елиот го доведе минатот лето од младинскиот погон на Фулам и тој веќе собра осум настапи за првиот тим иако официјално се уште е член на тимот до 23 години на Ливерпул.
✍️ Harvey Elliott has signed his first professional contract with the Reds ?
— Liverpool FC (Premier League Champions ?) (@LFC) July 6, 2020