Дома Фудбал Англија Билиќ реален: Го очекував ова!

Билиќ реален: Го очекував ова!

Славен Билиќ после лошите резултати денес заработи отказ во клубот.

Сега веќе поранешниот тренер на „чеканите“ беше реален и откри дека очекувал да добие отказ, но и дека е горд на она што го постигнал во Лондон.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Разочаран сум, но не од клубот. Го очекував тоа. Не можам да се лутам. Можам да бидам горд на она што го направив тука. Оваа клучна сезона не ја започнавме добро. Како и многу клубови ширум Европа, во ваква ситуација секогаш е тренерот тој кој ја плаќа цената. Тоа е логичен потег“, изјави Билиќ.

Хрватот во јуни 2015 година го превзема Вест Хем и во првата сезона со клубот стигна до седмото место во Премиер лигата. Минатата години, Вест Хем заврши на 11 место во Премиер лигата, додека оваа сезона после 11 кола овој клуб запиша само две победи.

Вест Хем се наоѓа на 18 место на табелата и со девет бодови се наоѓа во зоната на испаѓање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Олисе би можел наскоро повторно во Мадрид, Реал подготвува астрономска понуда!

Играчот на Баерн од Минхен, Мајкл Олисе, кој имаше значаен придонес во големата победа на …