Дома Фудбал Останато „Билд“ открива: Тухел учи шпански и чека повик

„Билд“ открива: Тухел учи шпански и чека повик

Реал Мадрид се уште верува во Карло Анчелоти, но вeќе во медиумите се погласно се пишува за негова смена. Во потесниот круг можни наследници ако замине е и Томас Тухел.

„Билд“ денеска објави дека Германецот веќе некое време учи шпански и се надева на работа во Ла Лига.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Мали се шансите тоа да биде Барселона, бидејќи Чави Ернандез ја има максималната доверба од Жоан Лапорта, но истото не може да се каже за Флорентино Перез и Карло Анчелоти.

Токму поразите од Барселона оваа сезона и негативата од девет поени пред „Ел Класико“ го натераа Перез да размислува за потенцијална промена на крајот од сезоната.

Тухел наводно е прв на листата на желби, но не е единствениот, бидејќи по него се Маурицио Покетино, Чаби Алонсо и Раул Гонзалес, тврди „Билд“.

Тухел е без работа од септември кога доби отказ од Челзи и оттогаш ја чека вистинската понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тебас не и дава мир на Барселона: Побаран итен одговор од правосудството

Првиот човек на Ла Лига не се откажува од намерата да ја поништи регистрацијата на Дани Ол…