Дома Фудбал Билбао ќе игра две финалиња во Купот во две недели

Билбао ќе игра две финалиња во Купот во две недели

Леванте на Енис Барди не успеа да се пласира во финалето на шпанскиот Куп откако вечерва загуби дома од Атлетик Билбао и тоа по продолженијата.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го одигра целото второ полувреме и додатните 30 минути.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Атлетик Билбао втора сезона по ред се пласираше во финалето на кралскиот Куп, па ќе се најде во многу интересна ситуација.

Имено, минатогодишното финале од Купот, каде за трофеј ќе се борат Реал Сосиедад и Атлетик Билбао е одложено за април оваа година.

Така, играчите на Билбао за период од две недели имаат шанса двапати да го освојат трофејот во Кралскиот куп.

На 3 април во Севиља ќе игра финалето за минатата сезона, а на 20 април за тековна сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…