Дома Фудбал Останато Бизарно: Анчелоти е еден од најтрофејните тренери, а УЕФА го тера да полага тренерски испит

Бизарно: Анчелоти е еден од најтрофејните тренери, а УЕФА го тера да полага тренерски испит

Еден од најуспешните тренери во историјата на фудбалот, Карло Анчелоти, во моментов го предводи Реал Мадрид, но Европската куќа на фудбалот (УЕФА) нема милост ниту за него.

Анчелоти, ќе мора повторно да седне на училишна клупа бидејќи му истече тренерската лиценца и ќе мора да полага тренерски испит. Лиценцата му завршила на 21 декември минатата година и мора да ја продолжи, а „Кориере дело Спорт“ објави дека Италијанецот добил предупредување од УЕФА.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Анчелоти во кариерата тренираше неколку гиганти, меѓу кои се Милан, Челси, ПСЖ, Баерн Минхен и Реал Мадрид, со кои освои вкупно 21 трофеј, меѓу кои три во Лига на шампиони, секоја од топ-5 лигите, а минатиот месец го освои Суперкупот со Реал Мадрид.

Шпанскиот фудбалски сојуз реагираше на предупредувањето на УЕФА и побара да се откаже испитот бидејќи, според нив, нема логика толку искусен тренер пак да полага испит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачите на Арсенал разочарани од дебито на засилувањето од 30 милиоини евра

Mикел Мерино летово пристигна во Арсенал од Реал Сосиедад во трансфер вреден 31,6 милиони …