Герет Бејл изгледа како да се навикна на статусот резерва во Реал Мадрид, а според тоа како се однесува не е и дека нешто му пречи.
Велшанецот не размислува само на фудбалот, па така Бејл го отвори вториот бар во Кардиф кој ќе се вика „Пар 59“. Овој бар ќе биде уникатен по тоа што ќе има неколку мини игралишта за голф и сите кои ќе го посетат ќе имаат можност да си ги проверат квалитетите во омиленото хоби на Бејл.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нема цел живот да играм фудбал, ме интересираат вакви бизниси, посебно во Велс. Барот ќе им овозможи на луѓето да излегуваат, пијат и играат голф“, изјави Бејл.