Ѕвездата на Реал Мадрид Герет Бејл повторно се наоѓа на мета на критики на шпанските медиуми.
Како што официјално стои во соопштението на Реал, Велшанецот е повреден иако никој не знае што точно му е, па вчерашниот натпревар во Ла Лига против Леганес го гледаше од трибините.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Камерите вообичаено го следат секој негов потег, па вчера го снимија и како го напушта стадионот. Тоа немаше да биде толку чудно ако Бејл не си заминеше од „Бернабеу“ во 82-та минута од натпреварот.
Тој е снимен како влегува во својот автомобил осум минути пред крајот на натпреварот.
??¡IMAGEN EXCLUSIVA @elchiringuitotv!?
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) October 31, 2019
BALE SE FUE del Bernabéu en el minuto 82. #ChiringuitoBale pic.twitter.com/keKDkWABhQ