Дома Трансфер зона Бејл и Бензема веќе си бараат нови клубови

Бејл и Бензема веќе си бараат нови клубови

Реал Мадрид на крајот на сезоната ќе прави голема реконструкција на тимот, па неколку ѕвезди сигурно ќе го напуштат „Сантиаго Бернабеу“, а меѓу нив ќе биде и Герет Бејл.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Герет Бејл и Карим Бензема веќе ја прифатиле можноста да бидат продадени во летниот преоден рок, и ги разгледуваат опциите кои ги имаат на маса.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед се споменува како фаворит за потписот на Герет Бејл, иако силен интерес за Велшанецот покажуваат уште Челзи и Тотенхем.

Неколку кинески тимови се во игра за потписот на Карим Бензема, за кого постои многу мал интерес од европските тимови. Тоа не е неочекувано, ако се земе во предвид неговата форма во последните две сезони. Сепак, Бензема преферира да се врати во Франција, каде силен интерес покажува ПСЖ.

Останатите медиуми во Шпанија велат дека Герет Бејл би можел да биде употребен како дел од трансферот на Хари Кејн, во кого Реал Мадрид гледа како идеална замена за Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…