Дома Фудбал Останато Бејл: Ако кажам што сум одлучил ќе направам хаос

Бејл: Ако кажам што сум одлучил ќе направам хаос

Велшанецот Герет Бејл постигна два гола за Тотенхем во победата над Лестер во завршната рунда од Премиер лигата.

Со оваа победа клубот од Лондон се избори за пласман во Европа наредната сезона. Сега останува да се види дали Бејл ќе остане во Тотенхем со оглед на тоа дека изминатата сезона помина како позајмен играч од Реал Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Одлуката за неговата иднина Бејл веќе ја донел, но како што кажа не сака да ја соопшти затоа што ќе предизвика хаос.

„Се ќе дознаете после Европското првенство. Знам што ќе направам, но ако сега ви ја соопштам одлуката ќе направам хаос. Во овој момент фокусиран сум на она што следи, сега на ред на ЕП со Велс“, изјави Бејл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Веста на денот во Каталонија е – Роналд Араухо!

Еден од капитените на Барселона, Роналд Араухо, денес ќе му се приклучи на остатокот од ти…