
Кевин-Принс Боатенг ќе се врати назад во Фиорентина откако во Бешикташ одлучиле да не го откупат неговиот договор.
33-годишниот офанзивен играч во јануари се пресиле во Бешикташ на позајмица, а во осум настапи во турската Супер лига успеа да постигне два голови.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
beIN Sports тврди дека турскиот великан одлучил да не ја искористи опцијата за откуп на договорот, но и да не побара продолжување на позајмицата.
Сега останува да видиме дали Фиорентина ќе го задржи Боатенг или уште ова лето ќе се обиде да го продаде.
Боатенг во Фиорентина пристигна во јули 2019. година од Сасуоло за 1.5 милиони евра.