Дома Фудбал Останато Беше хит на Мундијалот, а сега жестоко го критикуваат: Ниту еден клуб не го сакаше!

Беше хит на Мундијалот, а сега жестоко го критикуваат: Ниту еден клуб не го сакаше!

Доменик Ливаковиќ беше вистински хит во фудбалската јавност по Мундијалот во Катар каде што блескаше на голот на Хрватска.

Цело лето хрватскиот голман се поврзуваше со заминување од Динамо Загреб, а на крајот заврши во редовите на турски Фенербахче.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во последниот период е во лоша форма и добива сериозни критики. На последниот натпревар против Лудогорец во Лудогорец Фенер изгуби со 0:2, а Ливаковиќ тој натпревар го гледаше од клупата за резерви.

Навивачите на Фенербахче го критикуваат преку социјалните мрежи.

„Прима смешни голови“, „Ливаковиќ можеби е добар голман, но сега брани катастрофално“, „Не сакаше да го доведе ниту еден голем клуб. Интерес немаше дури ни откако бранеше добро на Светското првенство“, пишуваат навивачите на Фенер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Винисиус го наруши молкот после дебаклот во Лондон

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за прв пат јавно проговори за вчерашниот тежок по…