Дома Фудбал Останато Беше за очекување: Холандија му врачи отказ на Блинд!

Беше за очекување: Холандија му врачи отказ на Блинд!

Дени Блинд повеќе не е селектор на Холандија, откако челниците на националниот Сојуз му врачија отказ по поразот во Софија од Бугарија.

Холнадија со поразот во Софија го загрози својот пласман на Мундијалот во Русија, на табелата „лалињата“ имаат шест бодови помалку од лидерот Франција, три од Шведска и два од Бугарија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Го почитуваме Дени, но резултатите се разочарувачки и мораме да му кажеме довидување“, се наведува во соопштението на директорот на Фудбалскиот сојуз на Холандија.

Блинд по мечот во Софија истакна дека ја прифаќа одговорноста за поразот од Бугарија.

Холандија, утре игра контролен меч со Италија, а тимот ќе го предводи Фред Грим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Уште еден чекор ги дели: Лидс и Барнли блиску до промоција во Премиерлигата

Лидерите во Чемпионшипот се израмнети на врвот со 91 бод, тимот од Јоркшир го пречекува Ст…