Дома Фудбал Англија Бесниот Конте ги казнил фудбалерите после поразот од Спортинг

Бесниот Конте ги казнил фудбалерите после поразот од Спортинг

Фудбалерите на Тотенхем вчера беа поразени од Спортинг со 2:0.

Натпреварот беше одигран во рамките од 2. коло во групната фаза во Лигата на шампионите, а гостите од Англија важеа за големи фаворити. Не беше Тотенхем толку лош, но како да им недостасуваше конценстрација во завршницата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Двата гола Спортинг ги постигна во самиот финиш од натпреваро. Прво во 90. минута после корнер, а четири минути подоцна од контра. После се што се случи Конте утрово им закажал тренинг иако претходно имале планирано два слободни дена.

Фудбалерите морале да тренираат денес во 11:00 часот како слоп од припремите за натпреварот со Лестер. Своето незадоволство Конте го истакна и на прес-конференцијата после натпреварот.

„Кога вака ќе изгубите натпревар, на овој начин не можете да бидете среќни. Можевме да постигнеме гол, не знам што се случи. Едноставно немавме баланс во тој натпревар“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Англичаните откриваат зошто Шешко сега блеска – ги сменил стаклата на својот дом!

Бенџамин Шешко се покажа во ново светло во дресот на Манчестер Јунајтед, а медиумите од Ан…