Репрезентацијата на Шпанија по четврти пат во својата историја стана шампион на Европа. Шпанците во финалето на Олимпискиот стадион во Берлин ја победија Англија со 2:1.
Стрелци за „Црвената Фурија“ беа Нико Вилијамс во 47. минута и Микел Ојарзабал во 87. минута. За Англија погоди Кол Палмер во 73. Минута.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поразот донесе големо разочарување кај Англичаните кои изгубија второ финале во низа откако пред три години ги победи и Италија.
Бесот од поразот не го криеше и Џуд Белингем, еден од најдобрите фудбалери во светот во овој момент и можеби најголем фаворит за освојување на „Златната топка“. Белингем по натпреварот беше забележан како ги шутира шишињата со вода.