На застапникот на трагично починатиот фудбалер им се заканувал на луѓето во велшкиот клуб.
Трансферот на Емилијано Сала ќе остане обоен во темни бои. Аргентинецот на почетокот на оваа година настрада во авионската несреќа заедно со пилотот кој го пренесуваше до Нант кон Кардиф.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Застапниците на двата клуба, Нант и Кардиф тогаш дојдоа до фаза во која ја префрлуваа вината едни на други. Сега се открива дека агентот на Сала, Вили Мекеј придонел за уште по напната атмосфера со своето однесување пред тренинг центарот на клубот од Велс.
Шкотот според пишувањето на британските медиуми влегол во просториите на Кадиф и почнал да се закнува поради трагичната загуба на својот клиент. Тогаш интервенирала полицијата, а на агентот му била врачена пријава за нарушување на јавниот ред и мир.
Мекеј не бил уапсен, но е должен да се појави пред судот кога постпаката ќе започне. Според законите на Островот Мекеј може да добие и затворска казна од две години.