Тимот на Јувентус вчера успеа да дојде до посакуваните три бода против Каљари (2:0).
Еден од двата гола беше дело на италијанскиот репрезентативец, Федерико Бернардески кој така стави крај на црната низа од 513 денови без гол во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Поминував низ тежок период, но благодарен сум затоа што во тешки времиња станува подобри. Играв на ЕП и не беше лесно. Имам шест месеци пред мене и се надевам дека ќе продолжам на овој начин“.
„Среќен сум и уживам во моментот, важно беше да се победи и така да се заврши гдоината. Мораме да ја пронајдеме вистинската рамонтежа и мислам дека одиме во таа насока во последните натпревари. Порано бевме тим, но не група. Полека создаваме група и во последниот месец и половина ја пронајдовме радоста да си помагаме еден на друг“.
„Не смееме да играме арогантно, ние морам да сме скромни, не сме Реал Мадрид“, изјави Бернардски.