
Тоа што до пред неколку години во Португалија беше Порто, денес е екипата на Бенфика.
Тимот на Бенфика само во изминатата сезона заработи неверојатни 105 милиони евра од продажба на играчи.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Фантастичното работење на Бенфика мора да се истакне, а залугите за огромната заработка веројатно одат кај нивната скаут служба. Пронаоѓаат одлични фудбалери, ги доведуваат во клубот и за некоја година тие се продаваат за вртоглави суми.
Неверојатно звучи податокот дека само почетокот на оваа година заработија неверојатни 105 милиони евра.
Гонсало Гуедеше премина во ПСЖ за 30 милиони евра, Едерсон заврши во Манчестер Сити за 40 милиони евра, а Виктор Линделоф го засили Манчестер Јунајтед за 35 милиони евра.