Дома Фудбал Бензема: Цел свет го гледаше Винисиус како освојувач на „Златната топка“

Бензема: Цел свет го гледаше Винисиус како освојувач на „Златната топка“

Бразилецот Винисиус Жуниор остана без „Златната топка“ која на крајот ја освои Родри, иако фудбалерот на Реал Мадрид важеше за главен фаворит се до последниот ден.

За актуелната ситуација се огласи и Карим Бензема кој застана на страната на својот поранешен соиграч.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Вини ја заслужи „Златната топка“, разговарав со него и тој е многу тажен и разочаран. Немам ништо против Родри, тој е голем играч, но кога седам дома и го гледам на ТВ не прави ништо да ме остави без зборови. Винисиус тоа го прави и повеќе пати“, изјави Бензема.

Верува дека во иднина Винисиус ќе дојде до престижното признание.

„Комплицирано е кога вас целиот свет ќе ве гледа како освојувач на „Златната топка“, а неколку часа подоцна или еден ден ви кажуваат дека нема да ја освоите. Вини е добро момче, ќе работи напорно и еден ден ќе ја освои“, додаде францускиот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…