Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Францијал, Ноел Ле Грет вчера официјално ја затвори вратата во репрезентацијата за Карим Бензема.
Тој порача дека напаѓачот на Реал Мадрид е одличен фудбалер, но нема да игра затоа што се однесувал како „магаре“ кон Валбуена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веднаш потоа следеше одговор на Бензема, кој јавно побара да игра за друга репрезентација.
„Оставете ме да играм за земјата за која можам и сакам да играм ако мислите дека сум завршен фудбалер“, истакна Бензема алудирајќи на Алжир.
Бензема е од алжирско потекло, но е практично невозможно тој да заигра за африканската репрезентација. „Марка“ открива што е потребно да се случи за тоа да биде реално.
1 Француското правосудство треба да му го одземе француското државјанство.
2 Фудбалерот треба да добие алжирски пасош
3 Треба да се бара дозвола од ФИФА според член 18, кој дозволува настап за друга репрезентација, само на фудбалери на кои ќе им биде одземено државјанството.