Дома Топ вести Бензема знае кој е проблемот на Мбапе – Винисиус!

Бензема знае кој е проблемот на Мбапе – Винисиус!

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема за „Ел Чирингито“ зборуваше за досегашниот учинок на Килијан Мбапе во престолнината на Шпанија.

Вториот најдобар стрелец во историјата на Реал зборуваше на разни теми, а за слабата форма на Килијан Мбапе смета дека проблем е Винисиус Жуниор.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Според менем проблем е што Мбапе не е класичен центрфор. Секогаш кога игра за Франција како „деветка“ тоа не изгледа добро. Тоа не е негова позиција. Го има тој проблем што на левата страна игра Винисиус кој е на негово ниво.

Вини не можете да го ставите десно или шпиц. Тој прави разлика на левата страна и гледаме како го користи Анчелоти.Притисокот во Реал Мадрид е поголем, не е како во ПСЖ. Не смее да се откаже“, изјави Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Борусија Дортмунд донесе одлука за иднината на Нико Ковач

Шест кола пред крајот на Бундес лигата, со БорусијаДортмунд под водство на Нико Ковач, тим…