Дома Фудбал Репрезентации Бензема за враќањето во репрезентацијата: Бев разочаран, сега едвај чекам да заиграм

Бензема за враќањето во репрезентацијата: Бев разочаран, сега едвај чекам да заиграм

Карим Бензема после шест години се врати во репрезентацијата на Франција.

Одличниот напаѓач на Реал Мадрид доби повик од Дешамп, а за медиумите во Франција сега зборуваше за неговото враќање.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кога не играте за репрезентацијата разочарани сте. Она што најмногу ме разочаруваше што не бев дел од големите турнири како ЕП и СП“.

Клучен бил разговорот кој го имал со селекторот Дешамп.

„Разговаравме, на тој разговор зборувавме за фудбалот. Долго разговаравме и се помина одлично. Беше тоа разговор помеѓу двајца мажи. За мене е најважно што сега сум повторно дел од тимот. На екипата и оди добро едвај чекам да заиграм“, изјави Бензема.

Бензема смета дека Франција е најсилната репрезентација.

„Според имињата мислам дека можеме да кажеме дека сме. Сепак, мораме да ги почитуваме ривалите на теренот“, истакна францускиот напаѓач.

Последен пат Бензема за репрезентацијата на Франција играше во 2015 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…