Напаѓачот на Реал Мадрид игра одлична сезона.
Реал Мадрид го победи Леганес со резултат 5:0, а на овој натпревар првиот гол во дресот на „кралевите“ го постигна и Лука Јовиќ, но вистински херој на Реал беше францускиот репрезентативец Карим Бензема кого Зидан го замени во 70-тата минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Французинот пред да го напушти теренот подели две асистенции и постигна еден гол со што беше најзаслужен за победата на својот тим.
Со тој гол Бензема дојде до бројката од 229 голови во дресот на Реал со што го надмина учинокот на Тиери Анри во дресот на Арсенал и стана Французинот со најмногу голови за некој странски клуб.
Бензема има само 31 година и нема сомневање дека оваа негова бројка ќе биде само поголема.