Поранешниот дефанзивец на Рома, Баерн Минхен и Јувентус, Мехди Бенатија откри дека ова лето можел да се врати во Серија А.
Бенатија моментално настапува за катарски Ал Џуал, а ова лето имал понуда од Милан.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
„Во Рома ме донесе Федерико Масара и со него сум во постојан контакт. Кога отиде во Милан ова лето се обиде да ме донесе таму. Милан испрати понуда, но мојот клуб не сакаше да ме пушти“, изјави Бенатија.
„Зборував и со Фабио Паратичи после повредата на Киелини. Имаше можност повторно да се вратам во Јувентус, но сепак решив да останам“, додаде Мароканец.