Репрезентативецот на Италија, Андреа Белоти се поврзуваше со Рома и Милан, но според последните најави на италијанските медиуми тој би можел да направи изненадувачки трансфер.
Андреа Белоти скоро секој преоден рок е мета на најголемите европски клубови. Добиваше понуди, но сите беа одбивани.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Летово се поврзауваше со Милан, а сега „Скај Италија“ објави дека Белоти може да направи трансфер во руски Зенит кој во него гледа идеална замена за Сердар Азмун кој најверојатно ќе се пресели во Баер Леверкузен.
Според информациите Зенит е спремен да плати 30 милиони евра и да му даде договор на Белоти од четири милиони евра.