Дома Трансфер зона Бекот на ПСЖ сака да замине – три клуба од Премиер лигата во трка за неговиот потпис

Бекот на ПСЖ сака да замине – три клуба од Премиер лигата во трка за неговиот потпис

Како што пренесуваат француските медиуми, фудбалерот се наоѓа на излезни врати од „Паркот на принцовите“ и кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Англија.

Левин Куразава во Париз пристигна во 2015 како еден од најпрепективните бекови во Европа од редовите на Монако.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, тој не успеа да ги исполни големите очекувања и целиот свој потенцијал, оваа сезона Емери повеќе шанса му дава на Шпанецот Јури Берчиче.

Поради сето тоа според француските медиуми одлучил да го напушти Париз, а негова наредната дестинација би можела да биде Премиер лигата.

За услугите на овој француски интернационалец до овој момент интерес покажаа Челзи, Тотенхем и Манчестер Јунајтед, а се верува дека „светците“ би го пуштиле да замине за сума од околу 25 милиони евра.

Челзи наводно имал обид да го ангажира и минатото лето, но ПСЖ тогаш не сакал да го продаде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува незадоволната ѕвезда на Челзи

Oфанзивецот на Челзи, Кристофер Нкунку сака да го напушти клубот во текот на зимскиот прео…