Дома Фудбал Без проблеми за „Кралевите“ на гостувањето кај Сосиједад

Без проблеми за „Кралевите“ на гостувањето кај Сосиједад

Фудбалерите на Реал Мадрид славеа против Реал Сосиједад на гости со 3:1 во рамки на 4. коло од шпанската Ла Лига.

Реал на оваа средба играше без неколку клучни играчи, но и покрај тоа успеаа да остварат победа и тоа без големи проблеми.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


По само 19. минути младиот напаѓач на Реал, Мајорал погоди за водство на Кралевите. Сепак, само девет минути подоцна Родригез погоди за израмнување.

До крајот на првиот дел беше забележан уште еден гол и тоа во мрежата на домашниот состав.

Во продолжението на средбата, победата на Реал ја потврди Герет Бејл, на асистенција на Иско.

Реал Мадрид сега е на 4. позиција на табелата со 8 бодови по 4 меча, додека Сосиједад е веднаш пред нив со еден бод повеќе.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп ќе го преземе Атлетико? Свој коментар даде агентот на германскиот тренер

ЈИРГЕН КЛОП (58) е во подоцнежна фаза на преговори со Атлетико Мадрид и од летото би треба…