Само неколку дена по големата победа во Тблиси Македонија ја чека нов предизвика – Естонија.
Денес во 15:00 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ Македонија ќе игра против Естонија, репрезентација која е наш должник од минатиот дуел. Реално без никакво потценување Естонија е селекција која не смее да ни создава проблеми. Сепак, на дуелот во Талин каде што игравме со променет состав затоа што не чекаше натпреварот со Косово тие успеаа да ни дадат 3 гола. Естонците водеа со 3:1, а во финишот ние со два гола успеавме да извлечеме бод кој не одржа на првата позиција во групата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И во овој натпревар денес против Естонија ќе играме во променет состав. Капитенот доби заслужен одмор и отпатува за Џенова, а ослободени за овој и следниот дуел со Ерменија беа уште Димитриевски и Адеми. Ќе потсетиме, Барди е повреден и не е во комбинација за овој дуел.
Како и да е Естонија треба да ја победиме, па и со еден изменет состав. Естонија нема победа над Македонија, единствени позитивни резултати им се ремито на претходниот дуел и ремито од 2007 година. Ние од друга страна ги имаме два пати победено со по 4:2 и 1:0, тие две победи ги оствариме на гости. Ова ќе биде прва шанса дома да ги победиме.
Ќе потсетиме како и што кажа селекторот на прес-конференцијата пред овој дуел, Македонија од денешниот натпревар ќе влегува во натпреварите како учесник на Европско првенство и тој епитет ќе треба да го оправдаме.