Дома Фудбал Останато Батистута објасни зошто за него Марадона е подобар од Меси

Батистута објасни зошто за него Марадона е подобар од Меси

Со години трае расправата за тоа кој е подобар фудбалер од двајцата Аргентинци – Лионел Меси или Диего Марадона. На таа тема сега зборуваше легендарниот Габриел Батистута.

Големиот Батистута тврди дека Марадона е подобар, објасни и зошто.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Марадона беше подобар во многу работи. Технички Меси можеби е подобар, можеби нема разлика. Меѓутоа кога карактерот е во прашање и влијанието на играта Марадона можеше многу повеќе од Меси. Присуството на Марадона на теренот значеше повеќе. За мене Лео денес е најдобар во светот, но Марадона во историјата“, објасни Батистута.

Се потсети и на ситуација од Светското првенство во 1994 година.

„Против Грција Марадона беше пред мене, ја претставуваше Аргентина како капитен. Тоа беше сон. Таму постигнав три гола, но не се сеќавам. На се што се сеќавам е Диего. Според мене тој е најдобар“, смета легендарниот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вакво нешто ретко се случува: Шпанците го измамија целиот свет со објавата за Кавани!

Шпанските медиуми доцна синоќа објавија дека легендарниот напаѓач Единсон Кавани донел одл…