Дома Останати Кошарка Баскетот „три на три“ стана олимписки спорт

Баскетот „три на три“ стана олимписки спорт

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) објави дека баскетот „три на три“ е примен во семејството на олимписки спортови. Баскет ќе се игра од Олимписките игри во Токио во 2020 година.

Генералниот секретар на ФИБА, Патрик Бауман, му се заблагодарил на МОК што овој спорт го примил во своето семејство.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Ова е историски ден за ФИБА и за „три на три“. Ова е признание за една деценија напорна работа на дефинирањето на паравилата и вклучувањето на баскетот во мрежата на натпреварувања во органанизација на ФИБА“, рекол Бауман.

На ОИ во Токио ќе се натпреваруваат по 32 екипи во машка и женска конкуренција, а форматот на натпреварите и квалификациите ќе биде дополнително објавен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Хит разговор на Јокиќ и Новицки: Земи ракија! (Видео)

Денвер Нагетс продолжуваат со доминација на домашен терен, откако во ноќта од петок кон са…