Претседателот на Барселона, Хозе Марија Бартомеу се најде на голем удар од шпанската јавност и навивачите после новиот скандал.
Имено, вчера шпансите медиуми објавија дека Бартомеу плаќал ПР афенција која била задолжена да пишува лошо за луѓе во клубот, наводно на мета биле Меси, Пике, Гвардиола, Чави…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа вест сигурно звучеше лошо посебно после конфликтот помеѓу Меси и Абидал. Играчите на Барселона побарале одоговор од Бартомеу. Клубот веднаш демантираше се и порача дека Бартомеу нема врска со агенција која се занимава со такви работи.
Денес Бартомеу одлучил да ги земе работите во свои раце и повикал итен состанок со фудбалерите на Барселона. Тој лично сака да им објасни дека овие информации не се точни.