Барселона сака да ја победи конкуренцијата за младата ѕвезда на Фенербахче и турската репрезентација, Арда Гулер.
18-годишниот офанзивен играч за врска со своите партии го привлече вниманието на многу европски клубови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој оваа сезона постигна 6 гола и 7 асистенции, скаутите веруваат дека е новата ѕвезда на европскиот фудбал, а веќе го доби и епитетот „турскиот Меси“.
Тој во договорот со Фенербахче има откупна клаузула од 17 милиони евра, сума која неколку клубови се спремни да ја платат.
Милан, Реал Мадрид и ПСЖ веќе подолго време преговараат со неговиот агент, но Барселона сака да ја победи конкуренцијата и да го доведе на „Камп Ноу“.
Менаџерот Деко отпатувал во Турција на средба со претставниците на Арда Гулер и сака што побрзо да го комплетира договорот со турскиот талент.
🚨 Barcelona’s Deco has flown to Turkey to try and persuade Arda Güler to join the Catalan club. 🇹🇷
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 29, 2023
He is pushing to sign the youngster, who has a €17.5m release clause.
(Source: @DiMarzio) pic.twitter.com/R84lFVOeQX