Дома Фудбал Барселона ја има најдобрата одбрана во Европа, сруши и клупски рекорд!

Барселона ја има најдобрата одбрана во Европа, сруши и клупски рекорд!

Барселона предводена од Чави игра одлично сезонава и има големи шанси да ја врати титулата на „Ноу Камп“. Каталонците можеби не играат атрактивно како некогаш, но ги добиваат натпреварите, баш како последниот натпревар за викендот против Гетафе (1:0).

Не се толку ефикасни, но ја имаат најдобрата одбрана, не само во Шпанија туку и во Европа.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Барселона досега прими само шест гола и тоа е клупски рекорд бидејќи ги надминаа достигнувањата од сезоните 1986 и 2017/2018 кога по исто волку кола примија седум гола.

Меѓутоа треба да се каже дека ова не е апсолутен рекорд и тој го држи Ла Коруња која во сезоната 1993/1994 во истиот период прими само пет гола.

Сезонава од 17 натпревари дури на 13 не се тресеше мрежата на голманот Тер Штеген.

Два од примените шест гола на Барселона се од пенали, но посебно импресивен е податокот дека Барса не примила гол сезонава на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…