Проектираниот буџет на Барселона од над 1 милијарда евра ги задолжува Каталонците да инкасираат 124 милиони евра од продажба на фудбалери, пренесува „Марка“.
Трансферите треба да бидат комплетирани пред 30-ти јуни 2020 година, кога ќе се затвори годишниот буџет.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На „Камп Ноу“ се надеваат дека ќе ја добијат скоро целата сума само од трансферот на Филипе Кутињо во Баерн. Бразилецот се пресели во Минхен во летниот преоден рок на позајмица со право на откуп за 120 милиони евра.
Притоа, Иван Ракитиќ може уште во јануари да ја напушти Барселона, откако тренерот Валверде даде „зелено светло“ за трансферот.
Ист е случајот и со Артуро Видал, кој најдоцна до јуни најверојатно ќе биде продаден.