Дома Топ вести Барселона тргнува по новата аргентинска ѕвезда

Барселона тргнува по новата аргентинска ѕвезда

Барселона е последниот европски гигант кој се вклучи во трката по ѕвездата на Ривер Плата, Јулијан Алварез, пренесуваат каталонските медиуми.

21-годишниот напаѓач блесна веќе втора сезона во дресот на Ривер Плата и е на мета на многу европски гиганти.


Турскиот "Роналдо" го предизвикува Кристијано! ↓↓↓


Алварез има договор со аргентинскиот клуб до декември следната година и не планира да го продолжи, па Ривер е спремен да го продаде.

Алварез заврши најдобар стрелец во аргентинското првенство со 17 гола и 8 асистенции, а во договорот со Ривер има откупна клаузула од 25 милиони евра.

За Алварез веќе подолго време интерес покажуваат Милан и Јувентус, но Барселона сака да ја победи конкуренцијата и да го донесе на „Камп Ноу“ уште во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Лукаку пак промашуваше, Белгија овој пат победи🎥

Репрезентацијата на Белгија ја надигра и победи Романија со 2:0, па не очекува драматична …