Раководството на Барселона е заинтересирано за ѕвездата на Баерн Минхен и германски репрезентативец, Џошуа Кимих, пренесуваат каталонските медиуми.
„Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона веќе подолго време ги следи настапите на 24-годишниот Германец и сака да го доведе на „Камп Ноу“ пред се бидејќи е поливалентен играч кој може да игра на повеќе позиции во тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кимих оваа сезона игра одлично во дресот на Баерн Минхен и на вкупно 32 натпревари за баварскиот грб постигна два погодоци на кои придодаде дури 13 асистенции.
Баерн на лето ќе прави реконструкција на тимот и ќе им ја отвори излезната врата на неколку фудбалери, но ќе направи се за да го задржи Кимих во својот тим.
Баварците во него гледаат иднина на клубот и се спремни да ја одбијат секоја понуда, па поради тоа Барселона тешко ќе стигне до неговиот потпис.