Тренерот на Баерн Минхен, Ханзи Флик е голем фаворит за кормилото на Барселона, пренесуваат каталонските медиуми.
Откако стана јасно дека Чави Ернандез заминува на крајот на сезоната Барселона ја започна потрагата по нов тренер, а прв избор на Лапорта е токму Флик.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесуваат дел од шпанските медиуми, Флик имал позитивна серија разговори со челниците на Барселона.
Флик е без работа од септември, откако мораше да го напушти кормилото на германската репрезентација по поразот на пријателскиот натпревар со Јапонија