Дома Трансфер зона Барселона потврди: Жоао Феликс и Кансело заминуваат!

Барселона потврди: Жоао Феликс и Кансело заминуваат!

Каталонскиот гигант Барселона денес официјално потврди дека се разделува со Жоао Феликс, Кансело како и Маркос Алонсо.

Жоао Феликс и Жоао Кансело беа на едногодишна позајмица, па иако имаа голема желба да останат сепак Барселона не постигна договор со Атлетико Мадрид односно Манчестер Сити.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


„Маркос Алонсо, Жоао Феликс и Жоао Кансело нема да продолжат во клубот. Договорот на шпанскиот дефанзивец истекува на 30 јуни, а двајцата Португалци кои играа на позајмица ќе се вратат во нивните клубови. Барселона сака да им се заблагодари за посветеноста и верноста и да им посака успех во иднина“, соопшти Барселона.

Новиот тренер Ханси Флик сака да го задржи Кансело, па Барселона повторно ќе преговара со Манчестер Сити за евентуален трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гвардиола спрема понуда за Тео Хернандес

Манчестер Сити е силно заинтересиран за левиот бек на Милан, Тео Хернандес, пренесуваат ме…