Дома Фудбал Барселона потврди: Дембеле е повреден, мора да паузира

Барселона потврди: Дембеле е повреден, мора да паузира

Она што утрово го најавуваа шпанските медиуми сега беше потврдено на официјалната страна на Барселона.

Ернесто Валверде после победата над Лион од 5:1 и пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите доби и лоши вести. Осман Дембеле утрово бил подложен на медицински тестови во таборот на Каталонците.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На медицинските тестови е потврдено дека Дембеле заработил истегнување на мускулот на бицепсот на левата нога.

Поради ваквата повреда Дембеле ќе биде надвор од терените три или четири недели.

Дембеле во вчерашниот натпревар во игра влезе во 70-тата минута од средбата на местото на Фелипе Кутињо кој го постигна првиот гол за Барселона. Во финишот од натпреварот Дембеле се запиша и во листата на стрелци кога ја погоди мрежата на Французите после асистенцијата од Меси.

Oваа повреда за Дембеле доаѓа во навистина незгоден момент. Овој фудбалер што туку започна да ја подига формата, а оваа сезона постигна 14 голови и запиша осум асистенции на 35 натпревар. Треба да се истакне и дека до овој учинок стигна и покрај тоа што често пати не беше во прв план кај Валверде.

Ќе потсетиме Дембеле брзо после пристигнувањето во Барселона заработи една тешка повреда и поради тоа во својата прва сезона баш и не се прослави, но оваа како што кажавме започна да игра многу подобро.

Како и да е останува да видиме дали ќе ја задржи формата кога после три-четири недели ќе се врати на терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…