Барселона одлучи да го стави на трансфер листата Самуел Умтити со што ќе го покачи буџетот за донесување на Гризман и Нејмар.
Умтити во 2016. година пристигна од Лион во каталонскиот тим за 25 милиони евра и се очекуваше многу од него, но работите отидоа во друг правец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Французинот имаше многу проблеми со повредите и претходната сезона одигра само 15 натпревари за Барселона, а се споменува и како дел од договорот за трансферот на Нејмар.
Како што пренесува Спорт, Барселона одлучи да го стави Умтити на трансфер листата, а една од причините е што Французинот прави се поголем притисок до управата за да потпиша нов договор.
Проблемите со повредите доведоа до тоа неговата цена да падне, но Барселона и натаму сака да добие минимално 50 милиони евра за Умтити.
Јувентус и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за него, но се уште нема конкретна понуда. Умтити од друга страна нема да има ништо против да премине во клуб каде ќе добива повеќе шанса за игра.
Barcelona consider Samuel Umtiti as transferable and will listen to offers starting from 50 million euros. [sport] pic.twitter.com/1bovyl8UNY
— barcacentre (@barcacentre) July 2, 2019