Дома Топ вести Барселона повторно ќе тргне по Нејмар

Барселона повторно ќе тргне по Нејмар

Раководството на Барселона ќе направи нов обид да го врати Нејмар во своите редови во 2020 година, пренесува „Мундо Депортиво“.

Раководството на Барселона за време на зимската пауза веќе има закажано разговори и со фудбалерот и неговиот менаџер, но и со преставници на ПСЖ на кои ќе го потврди својот интерес за Бразилецот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Нејмар во летниот преоден рок силно притискаше за кам-бек Барселона, но ПСЖ не сакаше да попушти во своите финансиски барања. 

„Мундо Депортиво“ тврди дека Каталонците се спремни да платат 180 милиони евра за потписот на Нејмар.

Барса мора да ги собере тие пари од продажба на играчи, а Кутињо би можел да донесе барем 100 милиони евра и да го „финансира“ поголемиот дел од трансферот на Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус се вклучи во трката за Шешко

Голгетерот на Лајпциг Бенџамин Шешко беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазаро…