Осман Дембеле се уште не донел одлука каде ќе игра следната сезона, а неговиот договор со Барселона завршува за четири дена.
Се очекуваше Дембеле да го реши прашањето за неговата иднина до завршување на договорот, но тоа не се случи, а најголема причина се неверојатните услови кои ги постави неговиот агент Муса Сисоко.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Клубовите кои покажаа интерес за Дембеле се повлекоа од преговорите поради огромните бонуси кои ги бара Сисоко.
Каталонски „Спорт“ објави дека Дембеле во моментов ја има само понудата на Барселона, која го губи трпението затоа што Французинот воопшто не одговорил и флертува со други клубови.
Поради тоа раководството на Барселона размислува да ја повлече понудата и така да го остави Дембеле во неизвесност за неговата иднина.