Ајнтрахт Франкфурт успеа да се пласира во полуфиналето од Лигата на Европа откако ја елиминираа Барселона на „Камп Ноу“. Чудно беше да се видат околу 30.000 навивачи на Франкфурт кога распределбата на билетите не е таква.
На оваа тема зборуваше и тренерот на Барселона, Чави Ернандез кој изјави дека очекувал неговиот клуб ќе има поддршка од 70.000 навивачи. Ако се гледа правлиникот на УЕФА Франкфурт може да добие само 5.000 влезници, но таа бројка вчера беше барем пет до шест пати поголема.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Впечатокот беше како да играме финале со поделени навивачи. Клубот отвори истрага. Тоа беше грешка од наша страна. Очекував на трибините да видам 70.000 навивачи на Барселона, но не беше така“, изјави Чави после натпреварот.
Како што сега стојат работите се поизвесно е дека Барселона ќе остане и втора сезона без голем трофеј затоа што во Примера заостануваат 12 бодови зад Реал Мадрид.
Zoomt mal rein auf die Spieler.
— Eintracht Frankfurt (@Eintracht) April 14, 2022
OG slided durchs Camp Nou.
Nun habt ihr alles gesehen.
–––––#FCBSGE 2:3 | #SGEuropa pic.twitter.com/FOA78lV79V