Барселона има големи амбиции за следната сезона и е многу активна на трансфер пазарот.
После доаѓањето на Гризман, Каталонците сакаат да го донесат и Нејмар, но ќе мора да продадат некои од своите ѕвезди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонските медиуми пренесуваат дека раководството на Барселона донело одлука да ги стави на продажба Филипе Кутињо и Иван Ракитиќ.
За потписот на Бразилецот Барселона бара 100 милионие евра, додека Ракитиќ е спремна да го пушти за понуда од 50 милиони евра.
Според последните информации двајцата фудбалери му биле предложени на ПСЖ како дел од трансферот на Нејмар, па се очекува одговор од „светците“.
Доколку не се преселат во Париз, Барселона е спремна да ги продаде двете ѕвезди за споменатата сума, а за нив има интерес од неколку европски гиганти.