Раководството на Барселона ја одби и втората понуда од Манчестер Јунајте за Ансу Фати, потврдија каталонските медиуми.
„Црвените ѓаволи“ пред неколку дена испратија понуда од 100 милиони евра која експресно беше одбиена, но не се откауваат од намера да го донесат талентот на „Олд Трафорд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јунајтед испратил нова понуда „тешка“ неверојатни 150 милиони евра за 17-годишниот талент, но и таа понуда била одбиена од Барселона.
Каталонците воопшто не сакаат да преговараат за продажба на својот „бисер“, но Јунајтед се уште има шанси да го реализира трансферот. Имено, „црвените ѓаволи“ ќе треба да ја платат откупната клаузула која изнесува 170 милиони евра.
Тинејџерот потекнува од школата на Барселона и оваа сезона со своите настапи за првиот тим покажа дека станува збор за неверојатен талент.
Барселона сака да го продолжи договорот во кој ќе стави откупна клаузула од 400 милиони евра, но понудата на Јунајтед може да ги „замрси“ плановите на Каталонците.
Фати знае дека нема да може да добива голема минутажа на „Камп Ноу“ па може да ја прифати понудата на Јунајтед доколку „црвените ѓаволи“ решат да ја платат откупната клаузула.
#FCB ??
— Diario SPORT (@sport) June 16, 2020
? El Manchester United está decidido a llevarse al canterano
? ¿Aceptarías la oferta del United?https://t.co/npNhQlIYPq