Џошуа Кимих би можел да го напушти Баерн Минхен и кариерата да ја продолжи во Барселона.
Каталонците и во летниот преоден рок беа заинтересирани за Германецот, но преговорите не се ни одржаа поради лошата финансиска состојба во каталонскиот клуб.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Сепак, Кимих на лето би можел да биде на попуст, бидејќи влегува во последната година од договорот со Баерн Минхен.
Кимих ја стави опцијата за продолжување на соработката на чекање, а може да го принуди Баерн да го продаде на лето.
Барселона ја следи ситуацијата и спремна да го продаде Де Јонг за да го финансира трансферот на Германецот.