Дома Фудбал Останато Барселона летото 2016 доведе шест играчи, а само двајца се уште се во клубот

Барселона летото 2016 доведе шест играчи, а само двајца се уште се во клубот

Барселона летото 2016 година доведе шест засилувања, но се покажа дека тогаш Каталонците не направија баш најдобар избор.

Од тие шест играчи најмногу се наигра Самуел Умтити кој и понатаму е член на првиот тим и колку-толку е по сигурен дека ќе остане. Кога во прашање се останатите, четворица веќе ја напуштија Барселона, а еден сигурно ќе им придружи ова лето.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Имено, тогаш во Барселона пристигнаа: Самуел Умтити, Денис Суарез, Андре Гомеш, Лукас Диње, Јаспер Силенсен и Пако Алкасер. Од нив само Умтити и Суарез се уште се играчи на Барселона, но Суарез сигурно ова лето ќе ја промени средината.

Гомеш официјално стана фудбалер на Евертон, додека Диње минатата година исто така потпиша за овој англиски клуб. Алкасер беше позајмен во Дортмунд, а „милионерите“ го откупија неговиот договор.

Суарез се врати од позајмицата во Арсенал, меѓутоа јасно е дека Барселона сака да го продадеш то побрзо. Последниот кој не го споменавме, Силенсен од пред два дена е член на Валенсија.

Значи, од сите тие шест засилувања тоа лето само Умтити успеа до некаде да ги оправда вложените пари, но и него не му оди баш најдобро во последно време. Дефинитивно тој преоден рок е еден од најлошите во историјата на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Трагедија: Поранешен италијански фудбалер (43) бил пронајден мртов во хотел по забава со пријателите

Поранешниот италијански фудбалер Андреа Капоне (43) бил пронајден мртов во хотел откако се…