Дома Топ вести Барселона има нова ЅВЕЗДА, дали вечерва дебитира наследникот на Меси? (Видео)

Барселона има нова ЅВЕЗДА, дали вечерва дебитира наследникот на Меси? (Видео)

Екипата на Барселона вечерва со почеток од 21:30 часот го игра натпреварот од Кралскиот куп против Мурсија.

Ернесто Валверде за овој натпревар повика четворица нови фудбалери кои до сега настапуваа за резервниот тим, односно за Барселона „Б“, меѓутоа за еден играч посебно се зборува.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Неговото име е Хозе Арнаиз, кој ова лето пристигна во клубот од Реал Ваљадолид. Овој фудбалер кој има 22 години на сите официјални страници на Барселона е најавуван како нова голема ѕвезда.

Иако по природа е крилен напаѓач во Барселона „Б“ играше на повеќе позиции, во главно на средината од теренот, но и како класична „деветка“.

Се наведува дека фантасично одговорил на сите задачи. За „Б“ тимот на Барселона постигна четири погодоци на 699 одиграни минути, а како награда за одличните настапи доби и повик во првиот тим.

Освен Арнаиз во вечерашниот натпревар на клупата на Барселона ќе бидат Адриа Ортола, Марк Кукурела и Карлс Ален, но малку веројатно дека тие можат да добијат прилика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познато колку Јунајтед треба да му плати на Тен Хаг ако го отпушти

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе треба да исплати отштета од околу 17,5 милиони фунт…